Опис
Истанбул - 8ми Март
ИСТАНБУЛ – единствен град во светот кој се простира на 2 континенти, спој на истокот и западот, на Европа и Азија, со своето културно наследство, никогаш не престанува да Ве одушевува. Истанбул е град каде што со векови наназад се прераскажуваат приказни за љубовта, големи освојувања и борби. Тука се сочувани корените на далечната историја, традиција која се пренесува од колено на колено и каде што се чуваат тајните и легендите проткаени со бурното минато да не паднат во заборав. Денес Истанбул претставува најјако економско и културно седиште на Турската држава, најважен интернационален и сообраќаен јазол, а воедно и многу интересен туристички центар. Истанбул е град во кој секој ќе се пронајде, идеален за љубителите на добра забава, за шопинг, но и за оние кои сакаат да учат и да осознаат уште нешто ново за овој град. Град кој ги плени сите ваши чула, град кој и да го посетите по стоти пат никогаш нема да Ви биде здодевно, секогаш ќе видите и искусите некое ново доживување.
03.03.2022 – Состанок на групата во 17:00ч. на паркингот кај салата Борис Трајковски.
Поаѓање за Истанбул во 17:30ч. Ноќно патување со попатни одмори.
04.03.2022 – Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови.
Доколку собите во хотелот се слободни, сместување во хотел и краток одмор.
Во договорено време со локален водич се продолжува со пешачка тура во стариот односно историски дел на Истанбул со посета на познатата Капали чаршија, Сината џамија, Аја Софија и Хиподромот.
Во попладневните часови факултативна посета на бизнис населбата Левент каде што се наоѓа Sapphire Seyir Terasi, највисоката зграда во Истанбул со висина од 238м и 54 ката. Ќе имате можност да го видите прекрасниот Истанбул на дланка. Предвидено е и симулационо возење со хеликоптер во 4Д, каде што ќе имате можност да го видите Истанбул од поинаква перспектива, Босфор, Моминската кула, Аја Софија, Топкапи палатата, и други интерсни знаменитости.
По завршување на посетата на Sapphire Seyir Terasi, се упатуваме кон најпознатиот плоштад Таксим заедно со улицата Истиклал која се протега во должина од 2км. Улицата е преполна со ресторани, кафулиња, безброј продавници, а на крајот се наоѓа кулата Галата.
Слободно време за индивидуални активности.
05.03.2022 – Појадок во хотел. Во договорено време со локалниот водич факултативни посети на
Топкапи Палатата, Долмабахче палатата и Крстарење по Босфор.
Во договорено време со локалниот водич се заминува на факултативно крстарење по Босфор со времетраење од 90 минути.
По крстарењето факултативна посета на Топкапи палатата која се протега на 300 000м2 и е една од најголемите палати – музеи во светот. Во минатото таа била резиденција на султаните, како и административен и едукативен центар на државата. Изградена е од Султан Мехмет кој исто така го викале Освојувачот во период од 1460-1478г.
По завршување на посетата на Топкапи палатата продолжуваме со факултативна посета на Долмабахче палатата. Таа се наоѓа во населбата Бешикташ на самиот брег на Босфор и има прекрасен поглед,
06.03.2022 – Појадок во хотел. Одјавување од хотелот и во договорено време тргнување и посета на
Трговскиот центар ФОРУМ. Слободно време 4 часа за индивидулани активности. Во склоп на трговскиот се наоѓа и Аквариум во кој можете да уживате во убавините на морскиот свет. . Тргнување за Скопје во договорено време, ноќно возење со попатни паузи.
Предвидено пристигнување во Скопје во доцните вечерни/утрински часови.
Цена на аранжманот 79 € во денарска противредност по курс 62,00 мкд
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Две ноќевања во хотел 3* со појадок во населбата Лалели http://fuarhotel.com/
- Автобуски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје
- Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Капали чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија
- Посета на трговскиот центар Форум Истанбул
- Tуристички придружник за време на целото патување и престојот.
- Организација и реализација на патувањето.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување 250 денари по лице
- Факултативните излети:
- Топкапи палатата со лиценциран водич – 20 евра
- Крстарење по Босфор – 20 евра
- Долмабахче – 25 евра
- Ноќен Истанбул со посета на Сафир Сехир Тераси со Галата Кулата и Таксим (вклучена влезница за 4Д проекција) – 20 евра
- Аквариум (влезница) –15 евра
Напомена:
За реализација на ова патување потребен е минимум од 30 патници.
За ова патување важат општите услови за патување.
Ќе се патува согласно моменталните протоколи за превоз.
За време на патувањето задолжително е носење на маска со која се покрива устата и носот.