Упатство и услови за користење на веб страната patuvajiuzivaj.mk

www.patuvajiuzivaj.mk е веб страна на Т.А.Фејм Уан Травел ДОО Скопје, која работи исклучиво на принцип онлајн (on line) резервации со електронско плаќање преку виртуелниот ПОС терминал на Комерцијална Банка АД Скопје.

Сите туристички услуги кои ги нудиме можете да ги уплатите или резервирате директно на нашата веб страна и да ја платите услугата со Вашата платежна картичка.

За дел од објавената понуда заради одредени попусти и калкулации , потребно е прво да не контактирате на е-маил, телефон, вибер или онлајн чатот на нашата страна. Кога ќе ја прифатите понудата, ќе треба да одите на хоризонталниот таб „индивидуални барања“ на нашата веб страна, да ги внесете потребните податоци и да продолжите кон делот за плаќање или едноставно да се вратите на понудата во делот резервирај каде што понудата ќе биде отворена и ќе можете да продолжите кон плаќање.

Дел од објавената понуда ќе биде достапна веднаш, што значи доколку Ви се допадне тоа што го нудиме веднаш може да си резервирате.
- Постои можност за плаќање на рати
- Доколку не сте сигурни за веднаш да направите резервација, слободно може да не контактирате во било кое време за да Ви помогнеме
- Во однос на откажување на уплатениот аранжман, важат општите услови за патување
- Со самото плаќање го прифаќате договорот за патување кој ќе Ви биде испратен на е-маил или вибер по Ваша желба, како и ваучерот за патување, по целосната уплата.