ЗЛАТИБОР

краток опис
од 69,00 €

Опис

ЗЛАТИБОР

                ЗЛАТИБОР  

ЗЛАТИБОР – планината на златните борови која се наоѓа на надморска височина од 1000м. и го краси западниот дел од Србија. Позната по спортски и селски туризам, како и по здравствен туризам. Благодарение на прекрасната природа, големиот избор на сместувачки капацитети и клима која благотворно делува на здравјето, прогласена е за најголем планински туристички центар во Србија. Богата со спелеолошки карактеристики-98 пештери, со многу водопади и извори.

“Titova Vila Apartments & SPA” е комплекс опкружен со борова шума кој нуди апартманско сместување и секој апартман се состои од 2 засебни соби, една спална соба со француски лежај и дневна соба во која има аголна гарнитура на развлекување. Исто така во секој апартман има и мала кујна. Апартманите се погодни за сместување на 2-4 лица. Се наоѓа недалеку од центарот на градот на 800м. од Кралскиот плоштад.

04.03.2022 – Состанок на групата во 00:00ч. на паркингот кај салата Борис Трајковски.

Поаѓање за Златибор  во 00:30ч. Ноќно патување со попатни одмори.

Планирано пристигнување на Златибор  во утринските часови.  

06.03.2022 – Одјавување од апартманите  и во договорено време тргнување за Скопје.

Дневно патување со попатни паузи.

Времето и деновите  на факултативите ќе бидат дополнително договорени со туристичкиот придружник.

            Цена за сместување на 2 лица во апартман изнесува 89 ЕУР по лице

            Цена за сместување на 3 лица во апартман изнесува 75 ЕУР по лице

            Цена за сместување на 4 лица во апартман изнесува 69 ЕУР по лице

            Деца до 7 год. не плаќаат сместување сместени со 2 возрасни – само превоз 35 ЕУР

            Деца од 7-15 год. со двајца возрасни – 55 ЕУР по дете

           

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Две ноќевања во Апартманскиот комплекс Титова Вила.
  • Автобуски превоз на релација Скопје – Златибор – Скопје
  • Tуристички придружник за време на целото патување и престојот.
  • Организација и реализација на патувањето.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 200 денари по лице
  • Појадок (незадолжително) се доплаќа 5 ЕУР по лице
  • Користење на СПА центарот – 10 ЕУР по лице на ден
     
  • Факултативните излети:
  • Посета на тематскиот парк ЕЛ ПАСО – 10 ЕУР по лице
  • Посета на Дрвен град – 15 ЕУР по лице

Факултативни излети:

  • ЕЛ ПАСО – тематскиот парк кој го добил името по истоимениот пограничен град во САД.

Како што реката Рио Гранде ја прави природната граница помеѓу САД и Мексико, така и реката која поминува низ комплексот на ЕЛ ПАСО на Златибор, го дели на две тематски целини американски и српски дел. Ова е место каде што се среќаваат 2 култури. Од едната страна се наоѓа каубојскиот град и индијанското село, додека на другата страна е српскиот дел ао симпатично златиборско село. Со посетата на ЕЛ ПАСО ќе доживеете две различни поднебја во ист временски период од 1865-1890год. но на различни краеви од светот.

  • ДРВЕН ГРАД – Meќавник на Мокра Гора е место кое го створил познатиот режисер Емир Кустурица, каде што живее и твори веќе 10години. Селото е изградено во автентичен стил со брвнари од тој крај, кои се пренесени на оваа локација. Најстарата брвнара датира од пред 90 години. Секој кој сака да мечтае треба да го посети Дрвенград-Меќавник.

Напомена:

За реализација на ова патување потребен е минимум од 30 патници.

За ова патување важат општите услови за патување.

              Ќе се патува согласно моменталните протоколи за превоз.

За време на патувањето задолжително е носење на маска со која се покрива устата и носот.


Галерија