ТРЕБИЊЕ & ДУБРОВНИК

краток опис
од 89,00 €

Опис

ТРЕБИЊЕ & ДУБРОВНИК

 

                                                                    ТРЕБИЊЕ & ДУБРОВНИК

 

Требиње е еден од оние градови кои ќе Ви измамат насмевка со секој поминат чекор и ќе Ви го одземе здивот со секој поглед. Стар град, стари мостови, ... Требиње е љубов на прв поглед.

Се наоѓа во најјужниот дел од БиХ под планината Леотар низ кој се протега реката Требишњица на само 30км. од Дубровник. Град богат со историја, град на сонцето, виното и платaните.

Требиње е медитерански град со мирис на сол без море...град од бајките кој низ историјата бил културен и духовен центар. Исто така познат по најголемиот број на споменици во БиХ.

Дубровник - град со единствена политичка и културна историја, светски познато културно наследство и убавина (впишан во Регистарот за светско наследство на УНЕСКО). Во минатото бил Град-Република, заедно со Венеција еден од најпознатите културни и економски центри на Медитеранот. Во поновата историја, тој е центар на современи културни и туристички настани:  летни фестивали - меѓународни фестивали на врвни достигнувања на музичко-сценското творештво, град на музеите и галериите. Овие вредности го направија Дубровник простор кој нуди богат избор на разновидни искуства и возбуда, но и комплетен одмор во тивка, смирувачка средина со блага медитеранска клима и прекрасни крајбрежни пејзажи.

 

03.03.2022 – Состанок на групата во 22:00ч. на паркингот кај салата Борис Трајковски.

Поаѓање за Требиње во 22:30ч. Ноќно патување преку Косово,Албанија и Црна Гора со попатни одмори.

                       

04.03.2022 – Планирано пристигнување во Требиње  во утринските часови.  

Доколку собите во хотелот се слободни, сместување во хотел и краток одмор.

Во договорено време со локален водич се продолжува со пешачка тура низ центарот на Требиње, каде што се посетува Стариот град, Музејот Херцеговина чиј симбол е “Етно куќата” со својата содржина и археолошки експонати , Саат кулата, Капијата на Анѓелка каде што е снимен познатиот филм Ранетиот Орел по истоимената книга од Мир-Јам и многубројните споменици кои го красат градот.

Во попладневните часови факултативна посета на манастирот Херцеговачка Грачаница која е копија од истоимениот манастир Грачаница во Косово, каде што е закопан познатиот поет Јован Дучиќ. Се наоѓа над Требиње и има прекрасен поглед на целиот град.

Потоа се продолжува со посета на манастирот Тврдош и неговата позната винарија каде што ќе имате можност да го видите стариот подрум кој потекнува од 15 век, и да дегустирате вино кое традиционално го прават монасите од манастирот Тврдош.

05.03.2022 – Појадок во хотел. Во договорено време заминување за Дубровник. Разглед  на градот со локален водич. Слободно време за уживање во прекрасниот Друбровник.

Во договорено време враќање за Требиње.

Ноќевање во хотел.  

 

06.03.2022 – Појадок во хотел. Одјавување од хотелот и во договорено време тргнување за Скопје.

Дневно патување со попатни паузи.

 

   Цена на аранжманот 89 € во денарска противредност по курс 62,00 мкд

 

            ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Две ноќевања во хотел 4* со појадок во Требиње
  • Автобуски превоз на релација Скопје – Требиње – Скопје
  • Пешачка тура/разглед на Требиње и Дубровник
  • Tуристички придружник за време на целото патување и престојот.
  • Организација и реализација на патувањето.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 250 денари по лице
     
  • Факултативните излети:
  • Грачаница и Тврдош со дегустација на вино  – 10 евра
  • Влезница во музеј Херцеговина ( незадолжително) – 2 ЕУР

 

Напомена:

За реализација на ова патување потребен е минимум од 20 патници.

За ова патување важат општите услови за патување.


Галерија