Сарајево(Босански пирамиди)-Мостар-Требиње - Дубровник

краток опис
од 129,00 €

Опис

Сарајево(Босански пирамиди)-Мостар-Требиње - Дубровник

Сарајево(Босански пирамиди)-Мостар-Требиње - Дубровник

                                  3 НП – 22.04-25.04.2022

 

21.04.2022 –  СКОПЈЕ – САРАЈЕВО

Состанок на групата во 19:00ч  на паркингот кај салата Борис Трајковски.Поаѓање за БиХ во 19:30ч. Патувањето води преку ГП Табановце и Република Србија. Ноќно возење со попатни одмори.

22.04.2022 – САРАЈЕВО

Пристигнување во претпладневните часови. Разглед на градот. Народниот театар, Градската куќа, Царската џамија, Башчаршија, Казанџилук – казанџиската улица на сувенири, Себиљ - центарот на стариот град, Мориќа Хан, Газихусревбеговиот безистен и Газихусревбеговата џамија, Синагогата, Катедралата, Црквата Св.Арангел Михаил и др. Сместување во хотел. Слободно попладне за прошетки и индивидуални активности. Ноќевање.

23.04.2022 – САРАЈЕВО – ВИСОКО ( БОСАНСКИ ПИРАМИДИ )

Појадок во хотел.

Факултативна посета на Босанските пирамиди во Високо. Босанската долина на пирамидите е најголемиот светски комплекс на пирамидални градби. Се состои од Босанската пирамида на Сонцето (Височица) која со нејзината висина од преку 220м е значително повисока од Кеопсовата пирамида, потоа Босанската пирамида на Месечината ( Пљешевица) која е висока 190м, Пирамида на Босанскиот Змеј (Буци) од 90м, и обработените возвишувања Храмот на Мајката Земја (Крстач) и Пирамида на Љубовта (Чемерац). Во четиричасовната посета ќе имате можност да ги посетите Белведере, подземниот лавирит Равна и северната археолошка локација на Босанската пирамида на Сонцето. Белведере е локација од која се пружа најдобриот поглед од далечина на Босанската пирамида на Сонцето. Потоа следи посета на подземниот лавиринт Равна. Непосредно под долината на пирамидите во БиХ, се наоѓа праисторски подземен лавиринт со 1,7 км премини. Во тунелите на Равна ќе ги осетите лековите својства на тунелите и нивнита исцелувачка моќ. Големата концентрација на јони го прочистува Вашето тело, каде што имате можност и дополнително да поминете време во “собата за лечење”посебно потентно енергетско место иделано за медитација и лечење. Најинтересна локација е секако Босанската Пирамида на Сонцето која е најголемата и најстарата пирамида во светот. Ќе се посети северната страна каде што се откриени синтетички (геополимерни) бетонски блокови под слоевите на вегетацијата и земјината површина.

Напомена : Посетата на Босанската пирамида на Сонцето вклучува 15-минутно искачување по скали во подножјето на пирамидата.

Температурата во тунелите е 12℃, затоа не заборавајте да носите со Вас јакна.

Враќање во хотел во попладневните часови. Слободно време.         Ноќевање.

24.04.2022 – САРАЈЕВО – МОСТАР – ТРЕБИЊЕ  

Појадок во хотел. После појадокот заминување за Мостар  еден од најубавите градови во Босна и Xерцеговина, кој името го добил по чуварите на мостовите на реката Неретва (мостари) на чиј брег е послан градот. Разглед на Mостар: Стариот мост (кој заедно со стариот дел на градот во 2005г. е ставен на листата на УНЕСКО), кулата Келебија, Саат кула, Крива Ќуприја (еден од најстарите споменици кои датираат од османлискиот период), старата Мостарска чаршија која се наоѓа на левиот брег на реката Неретва... Патувањето продолжува кон Требиње, кој се наоѓа во најјужниот дел од БиХ под планината Леотар низ кој се протега реката Требишњица на само 30км од Дубровник. Град богат со историја, град на Сонцето, виното и платаните.

 Факултативна посета на Дубровник.

Град со единствена политичка и културна историја, светски познато културно наследство и убавина. Во минатото бил Град – Република, заедно со Венеција еден од најпознатите културни и економски центри на Медитеранот. Во поновата историја, тој е центар на современи културни и туристички настани: летни фестивали- меѓународни фестивали на врвни достигнувања на музичко – сценското творешто.

Ноќевање во хотел.          

25.04.2022 – ТРЕБИЊЕ – СКОПЈЕ   

Појадок во хотел.

Разглед на градот со локален водич. Заминување за Скопје. Патувањето води преку Црна Гора, Албанија и Косово. Попатни паузи за одмор. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

 

Цена 129 € во денарска противредност по курс 62,00 мкд

 

 Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со високо туристички автобус на горе наведената релација.  
  • 2 ноќевање со појадок во Сарајево – Хотел со 4*
  • 1 ноќевање со појадок во Требиње – Хотел со 4*
  • Организација и реализација на аранжманот
  • Туристички придружник за време на целото патување и престојот.

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Задолжително патничко осигурување 250 ден.
  • Факултативен излет – Високо Босански пирамиди -  25 ЕУР по лице со вклучена влезница за четиричасовна посета на локалитетот.
  • Факултативен излет – Дубровник – 25 ЕУР по лице.

Напомена:

За реализација на ова патување потребен е минимум од 30 патници.

За ова патување важат општите услови за патување.

 

Ќе се патува согласно моменталните протоколи за превоз.

За време на патувањето задолжително е носење на маска со која се покрива устата и носот.

 


Галерија