Албанија

Image

Албанија

http://albania.al/
 

Албанското крајбрежје е место каде што сончевите зраци се протегаат низ длабокото море, каде што има прекрасни конфигурации на карпести и изолирани мали плажи, а планините и ридовите се покриени со медитеранска вегетација со прекрасни села лоцирани помеѓу планините и морето.

Албанското крајбрежје е благословено со 300 дена сонце. Просечната температура во јануари е 10°Ц, а во јули е 25°Ц.

Јонското крајбрежје е познато по тоа што има фасцинантни плажи со длабоки и многу чисти води. Помладата популација  повеќе ги посетува плажите на Јонско море  бидејќи областа нуди многу можности за оние кои се заинтересирани за спортови на вода како нуркање, тури со брод, итн.

Некои од најегзотичните и најинтересните плажи на југот на Албанија се Дерми, Јал Химара, Кепаро, Борш, Саранда и Ксамил.

Од превојот Логора, кој е на надморска височина од 1.057 метри, може да се види Јонскиот брег кој со неговата убавина Ви го одзема здивот .

Првата плажа е Дралеос во Паласе, која има должина од 1,5 км. Ова е една од најегзотичните и најмирни плажи на албанското крајбрежје, со прекрасна длабоко сина боја на морето. Оваа плажа е популарна за спортови на вода и понекогаш е дури и дестинација за падобранците на кои појдовна точка им е патеката Логора.

Дерми се наоѓа малку појужно и е едно од најфреквентните и најважните туристички места долж албанското крајбрежје. Кристално чистите води, изолираните плажи, спортовите во вода и нуркањето ја прават оваа плажа да биде повеќе преферирана од помладата популација. Има повеќе плажи кои се исто така дел од Дерми, и тоа:  Јаликсари, Шкамбо и Ѓипеа.

Плажата Ѓипеа има прекрасна форма. Покрај оваа плажа има поток кој формирал кањон со sидови високи 70 метри. Сместена во близина на плажата Дерми е Пештерата на Пиратите до која туристите можат да пристапат само со брод или траект. Во близина има и хотели, ресторани и летни клубови.

Низ целата оваа област е развиен семејниот туризам, каде што туристите можат да изберат да изнајмат вила или да престојуваат во различни хотели во непосредна близина. Во близина на Химара, 8 км јужно од Дерми, се наоѓа селото Вуно, кое е центарот на албанската ривиера. Тоа е туристичко градче кое оживува во текот на летната сезона благодарение на помладите генерации кои доаѓаат тука.

Во оваа област се наоѓаат плажите Спиле, Потам, Ламанианд и Ливадја. Сите се издвојуваат по длабоките води, пловноста и карпестите карактеристики. После Борш се наоѓа Кепаро и малиот тектонски залив на Порто Палермо каде што се наоѓа замокот Али Паша.

Борш, е една од подолгите плажи на албанската ривиера заштитена со колекција од масивна медитеранска вегетација, пред се насади со лимони и маслинки. Семејниот туризам исто така е е многу популарен и во оваа област. Помеѓу Борш и градот Саранда може да се најдат плажите Бунец, Какоме и Кроки чијашто заедничка  должина изнесува околу 3 км  и секоја од нив е со прекрасна, кристално чиста вода.

Саранда е најнаселеното урбано подрачје на албанската ривиера и една од најпосетените туристички дестинации. Саранда и нејзината околина нудат низа на хотели, од типот на апартманско сместување до луксузни хотели со 5*, како и ниско буџетно сместување од типот на наем на апартмани. Градот има одлична локација и се на оѓа на само 9 км оддалеченост од грчкиот остров Крф. Дневните фери бродови нудат непречено патување од  Саранда до Крф што го прави овој јужноалбански град добра база за европските и меѓународните туристи.

Покрај Саранда ќе најдете некои помали плажи како Централ и Лиман. Обично, туристите претпочитаат да го посетат едно од најфреквентните места, Ксамил, кој се наоѓа помеѓу полуостровот Ксамил и лагуната Бутринт во кој се наоѓаат голем број хотели и ресторани. Во близина на плажата Ксамил има 4 мали острови покриени со медитеранска вегетација со површина од 8,9 ха.