- На 3/13/2021 12:08:14 AM
Драч
Најголемото пристаниште во Албанија, кое се наоѓа на 34 км од Тирана. Тој е најстариот град во Албанија или вечниот град над Јадранското море, со речиси 3.000 години историја. Неговото основање датира од 627 година п.н.е. кога Коринтијците и доселениците од Керкира ја нападнале илирската територија на Таулантите.Во Драч може да се видат многу антички археолошки локалитети. Најзначајната туристичка атракција е амфитеатарот на римскиот император Адријан со 15.000 места, втор по големина амфитеатар на Балканот.Во текот на 9 век, во близина била изградена мала црква со sидови покриени со мозаик. Може да се видат и бањите од 2 век н.е.како и Византискиот форум кој датира од 5-6 век со мермерни столбови. Една третина од оригиналниот ѕид на градскиот замок сè уште стои, па дури можете да одите по истиот пат по кој некогаш се шетал и самиот Цезар. Археолошкиот музеј се наоѓа во нова зграда на улицата Таулантија, еден од најважните од ваков вид и од голем интерес за посетителите. Најпознатата археолошка структура пронајдена во Драч е „Букурошја е Дуресит“, мозаик од 4 век пр.н.е. Денес, тој е изложен во Националниот историски музеј во Тирана. Етнографскиот музеј е куќа на историскиот познат актер Александар Моиси, роден во близина на Драч. Уметничката галерија на градот е поставена на главниот плоштад Илирија. Покрај својата историска вредност, Драч е и прекрасно место за одмор, со прекрасни песочни плажи, хотели и урбано доживување. На самото шеталиште поред морето може да најдете одлични ресторани и сместување.