Хотел Albanian Star 4*

краток опис
од 299,00 €

Опис

Хотел Albanian Star 4*

                                        https://harmonia.al/index.php/albania-star-hotel/

Хотелот Albanian Star 4* е еден од хотелите на Harmonia Hotels Group, лоциран на самото крајбрежје, на оддалеченост од 13км од центарот на градот. Со сите предности на неговото архитектонско решение хотелот нуди единствено доживување, каде што ќе ја почувствувате рајската смиреност на морето. Освен предноста на хотелот што ја има во поглед на неговата местоположба, исто така има стекнато висок рејтинг заради професионалната услуга која ја нуди хотелот. Услугите кои ги нуди хотелот се на високо ниво на 4*. Располага со капацитет од 133 соби и апартмани кои ќе Ви го направат одморот како од соништата. Сите соби се опремени или со два единични кревети или со еден француски лежај. Сите соби се со балкон, дел од собите се со поглед на градина, дел од собите се со поглед на море. Во собите со поглед на море може да уживате во преубавото зајдисонце. 

 

Термин Ноќевања    Цена по лице во    1/2 соба
20.06. – 27.06. 7 259,00 €
27.06. – 04.07. 7 269,00 €
04.07. – 11.07. 7 299,00 €
11.07. – 18.07.  7 299,00 €
18.07. – 25.07. 7 299,00 €
25.07. – 01.08. 7 299,00 €
01.08. – 08.08. 7 299,00 €
08.08. – 15.08. 7 299,00 €
15.08. – 22.08.  7 299,00 €
22.08. – 29.08.  7 299,00 €
29.08. – 05.09. 7 269,00 €
05.09. – 12.09. 7 259,00 €
12.09. – 19.09. 7 259,00 €

 
  • Цените се на база полупансион (ноќевање со појадок и вечера) шведска маса и вклучен превоз на релација Скопје – Драч – Скопје
  • Доплата за 1/1 (еднокреветна соба) – 21 € на ден
  • Доплата за полн пансион (ноќевање со појадок, ручек и вечера) – 7 € по лице на ден
  • Доплата за Се Вклучено (all inclusive) – 14 € по лице на ден
  • Доплата за Туристичка Такса на лице место во хотелот – 1€ по лице на ден ( деца до 3 г. не плаќаат)
  • За уплатени 2 аранжмани 7+7 одобруваме попуст од 10% на вториот аранжман  
  • За трето лице цената се намалува за 15%
  • Деца од 0 до 5.99 г. – не се наплаќа
  • Деца од 6 до 11.99 г. Во соба со 2 возрасни – 50 %
  • Деца од 6 до 11.99 г. Во соба со 1 возрасен – цената се намалува за 30%
  • Две деца од 6 до 11.99 г. Сами во соба – цената се намалува за 30 %
  • Во аранжманот не е вклучено задолжително патничко осигурување.
  • Цена само превоз 30 €
  • За сопствен превоз се намалува цената за 20 €
  • Превоз за деца од 0 до 5.99 – 20 €
  • Пријавување во собите е од 14:00ч, Одјавување во 11:00ч.
  • Превоз:

Поаѓање во 05:00ч. на паркингот кај салата Борис Трајковски

Ќе се патува согласно моменталните протоколи за превоз.

За време на патувањето задолжително е носење на маска со која се покрива устата и носот.

 


Галерија