КСАМИЛ, СКРИЕНИОТ СКАПОЦЕН КАМЕН НА АЛБАНИЈА

Image

КСАМИЛ, СКРИЕНИОТ СКАПОЦЕН КАМЕН НА АЛБАНИЈА

Ксамил е скриен скапоцен камен, кој се наоѓа на албанската ривиера и сигурно е дека е една од најдобрите приморски дестинации за летен одмор во Европа.

Во Ксамил, можете да уживате во рајските плажи кои нудат бел песок и кристално чиста вода со медитеранска клима во текот на целата година.

Ксамил е мало село во јужна Албанија. Во нашата држава веќе неколку години е ставен во туристичката понуда додека странските туристи сега го наоѓаат патот дотука.

Ксамил е првенствено познат по своите убави песочни плажи и кристално чисти води. Особено на четирите острови лоцирани недалеку од крајбрежјето. Овие четири острови се ненаселени и до нив доаѓате со брод.

Во селото живеат околу 4000-5000 луѓе и туризмот се зголемува со секоја измината година. Сепак, остануваат уште многу изолирани места ако барате мир и тишина при вашиот одмор.

Селото, исто така, го има задржано шармот до одреден степен и има многу пријатни мали ресторани со домашна кујна.

Хотелите, во најголем дел се семејни хотели

Што да посетите во околината на Ксамил?

Саранда

Саранда е најголемиот град во јужниот дел на Албанија и тука имате шанса да го искусите секојдневниот живот и албанската култура.

Исто така е убаво да се шетате по пристаништето и крајбрежјето. Покрај патеката, ќе се најдат и неколку пријатни ресторани и барови кои служат добра храна и забава.

Syri & Kalter (Плаво око)

Прекрасен природен феномен кој е оддалечен околу 50 минути возење од Ксамил. Сири и Калтер е исто така познат како сино око и тука ве чекаат кристално чисти води во тиркизна и зелена боја.

Она што го карактеризира локалитетот и што влијае на името е, сепак, оној дел од езерото каде меурите од водата создаваат темно сина боја. Овој контраст го прави да изгледа како око, а со тоа и го носи името „сино око“.

Најлесен начин да стигнете овде е со автомобил, но има и тури со водич. Сепак, со автомобил, можете да посетите и други атракции во истиот ден, како што се Бутринт или Ѓирокастро.

Бутринт (Butrint)

Антички град во добро сочувани урнатини, кои исто така се наоѓаат на списокот на УНЕСКО на места со светско наследство. Во Бутринт, може да се погледне еден стар амфитеатар, манастир, кули и тврдина.

Бутринт е оддалечен околу 20 минути со автобус Ксамил. За оние кои пешачат ќе можат да прошетаат по маслиновите градини – прошетката трае околу 1 час.

Ѓирокастро (Gjirokaster)

Приближно 2 часа со автомобил од Ксамил лежи историскиот град Ѓирокастро. Овој град е исто така на списокот на Светско наследство на УНЕСКО. Главната причина за ова е старата тврдина поставена на врвот на градот и традиционалните камени куќи.

Ѓирокастро е убава еднодневна посета каде што можете да прошетате низ античките улички и да дознаете повеќе за албанската култура и историја.

Најлесен начин да стигнете овде е со автомобил, но секојдневно има и минибуси од Саранда.

Неколку совети при посета на Ксамил

Автобус: Има автобус на секој час од Саранда до Ксамил, кој ги напушта двата града на 1/2 час и вози до Националниот парк Бутринт.

Банкомати: Има само 3 банкомати во градот, но погрижете се да го користите оној на главната банка. Останатите наплатуваат огромна провизија од 700 лека. Соодносот на денар со лека е 1 спрема 2, односно за 100 денари добивате 200 леки.

Избегнете го август: Совет од локалното население, никогаш да не одите во август затоа што е премногу зафатено и лудо.

Лежалки на плажа: Надвор од сезоната лежалките се бесплатни при нарачка на пијалок или оброк.

Маркети: Супермаркетот Ѓордени е најголемиот во градот и има најдобар избор на овошје и зеленчук.

Зајдисонце: Осигурете се да не го пропуштите зајдисонцето над Ксамилските острови. Кој било бар на плажата или ресторан свртен спрема островите, ќе ви го пружи тоа задоволство!

Скриените плажи кај Ксамил: Ако се оддалечите од градот, ќе можете да најдете мали заливи за порелаксиран ден на плажа. Ова е добар начин да се избега од гужвите во летните месеци.

Изнајмете кајак: Речиси сите плажи имаат на располагање изнајмувања кајак и бродови. Дефинитивно изнајмете и прошетајте ги Ксамилските острови!

Истражете го националниот парк Бутринт: Само 3 км по патот се наоѓа светското наследство на УНЕСКО, Бутринт. Бутринт е домаќин на некои од најважните истории на Албанија и целиот Медитеран.

Повеќе информации за Ксамил можете да најдете на официјалниот туристички сајт ksamil.al